Микаило Мудрик е во сериозен проблем, бидејќи добива сè помалку шанси за настап и докажување во Челси.
Новиот тренер Енцо Мареска веројатно нема високо мислење за Украинецот кој беше платен 75 милиони евра, плус уште потенцијални 30 низ бонуси за Шахтјор. И покрај тоа што беше скапо засилување, Мудрик сезонава нема многу простор да игра.
За дербито со Ливерпул тој беше целосно изоставен од тимот, а Мареска изјави: „Го изоставив Мудрик од составот од технички причини“. Досега во Премиер лигата сезонава Мудрик одигра само четири меча и на тие беше резервист, настапи еднаш во Лига купот, а трипати играше во Конференциската лига.
Засега не е позната иднината на Мудрик, меѓутоа англиските медиуми најавуваат дека тој во јануари ќе бара опции за заминување од Челси.