Репрезентацијата на Србија доживеа дебакл на Европското првенство во Германија откако завршија последни во група со Англија, Данска и Словенија.
Но според српските медиуми, тоа не го спречило раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија да си подели високи премии.
Генералниот секретар Јован Шурбатовиќ и неговите соработници добиле по 100.000 евра, директорот Мирослав Танга 50.000 евра, а финансиската директорка која е десна рака на Шуработивќ 45.000 евра.
За разлика од челниците на сојузот, фудбалерите се откажале од премиите поради слабиот настап и побарале парите да бидат исплатени на луѓето кои работат во сенка во репрезентацијата и имаат скромни примања.
Ова е само уште еден од низата скандали кои ја пратат репрезентацијата на Србија во овој период.