Скандал во европскиот фудбал: Португалскиот гигант обвинет за местење натпревари!

by Стефан
1 минути читање

Португалското правосудство поднесе тужба против Бенфика за корупцуија во период од 2016 до 2019 година.

Бенфика е обвинета за поткуп за натпревари во своја корист, а за случајот се огласи и португалскиот гигант.

„Ќе се браниме од ваквите неосновани обвинувања. Бенфика и нејзините адвокати детално ќе ги анализираат обвиненијата за кои денес бевме известени“, објави клубот во соопштението за јавноста.

Бенфика додаде и дека се сомневањата се однесуваат на „дела“ кои се препишуваат на поранешниот претседател и поранешниот советник.

Главен обвинет во случајот е Луис Фелипе Виеира кој со клубот управуваше 18 години се до апсењето во 2021 година.

Медиумите пренесуваат дека Бенфика ја поткупила Виторија Сетубал за да победи во два натпревари во португалската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани