Сити се подготвува за „живот по Пеп“, наследникот добива огромен трансфер буџет!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пеп Гвардиола е во дилема дали по крајот на сезоната да го напушти Манчестер Сити. Шпанскиот стратег во неколку наврати даваше изјави со кои навестуваше дека крајот на соработката се ближи, а Англичаните веруваат дека тоа ќе биде по оваа сезона.

Исто така, англиските медиуми откриваат дека Манчестер Сити веќе се подготвува за „животот по Пеп Гвардиола“.

Наводно, челниците на клубот од „Етихад“ се подготвени да вложат 350 милиони евра следното лето доколку Гвардиола замине. Причината за такво вложување ќе биде за новиот тренер да може да си ги исполни своите визии и барања.

Прашањето за иднината на Гвардиола е отворено, меѓутоа во текот на сезоната ќе се знае одговорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани