Манчестер Јунајтед почна да штеди, а тоа го покажа со отпуштањето на Сер Алекс Фергусон кој имаше амбасадорска улога во клубот.
Уште една интересна ситуација пренесоа англиските медиуми. Се работи за патувањето за гала вечерта за доделување на Златната топка во Париз. Имено, Манчестер Јунајтед побарал од градскиот ривал Манчестер Сити дозвола за неговите играчи (Алехандро Гарначо и Коби Меино) да патуваат заедно со противничките.
Сити организира приватен авион кој ќе ги однесе осумте кандидати во изборот на „Франс Фудбал“ до Париз и назад, а градскиот ривал побара две слободни места. Сепак, барањето на Јунајтед беше одбиено и клубот мора да се снајде за патувањето на своите фудбалери.
„Во потег кој привлекува внимание Јунајтед ги праша соседите дали има место за неговите двајца играчи. За жал, клубот од Олд Трафорд беше информиран дека место на летот нема и ќе мора да организира друг аранжман“, стои во текстот на „Дејли Мејл“.
Сити ги има Диас, Фоден, Халанд и Родри во машка, а Хасегава, Хемп и Шо во изборот во женска конкуренција за Златната топка. Од друга страна, Гарначо и Мејно се номинирани во конкуренција на играчи до 21 година, признание за кое се бори и Савињо.