Фудбалерите на Манчестер Сити кога ќе „намирисаат крв“ едноставно не сакаат да запрат. Тоа најдобро се гледа во Премиер лигата, бидејќи ја запишаа седмата победа во низа, овојпат на гости кај Фулам со 0-4 (0-1).
Пресметката на „Крејвен Котиџ“ понуди еден погодок во првото полувреме и потоа уште три во второто. Четата на Пеп Гвардиола дојде до предност го голот на Јошко Гвардиол во 13. минута за 0-1, резултат со кој се замина на одмор. Фулам имаше една добра шанса преку Родриго Муниз, кој со пета изнуди интервенција на Едерсон, но тоа беше сè од домаќинот.
Тогаш Сити се разигра, на 0-2 удвои Фил Фоден, а точка на мечот стави одново Гвардиол во 71. минута. Пред крајот на мечот Диоп направи пенал и беше исклучен, па сигурен од 11 метри за конечни 0-4 беше Хулиан Алварез.
Со оваа победа, седма во низа, Манчестер Сити скокна на врвот на табелата барем до утре и има два бода предност пред Арсенал, но и меч помалку на контото.