Синот на легендарниот шкотски менаџер Сер Алекс Фергусон, Дарен, со својот тим Питерборо Јунајтед беше елиминиран во полуфиналето на плеј-офот за пласман во Чемпионшип лигата.
Тимот предводен од Дарен Фергусон одигра нерешено против Оксфорд Јунајтед (1-1), а бидејќи претходно загуби минимално како гостин (1-0) претрпе полуфинална елиминација. Очигледно синот не е како таткото, барем во тренерските води, па и следната сезона Питерборо ќе игра во Лига Еден (третата лига во англискиот фудбал).
Што се однесува до финалето во плеј-офот за влез во Чемпионшип, Оксфорд ќе се судри со Болтон на 18 мај на „Вембли“, а директен пласман обезбедија поранешните премиерлигаши Портсмут и Дерби Каунти.
Инаку тренерската кариера на Дарен Фергусон главно се одвиваше во Питерборо, каде што беше тренер во четири наврати, а работеше кратко во Престон и потоа три години се задржа во Донкастер Роверс.