Синот Бекам имаше понуда од премиерлигаш, но на 22 години ја заврши кариерата и ќе биде манекен!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ромео Бекам на само 22 години реши дека фудбалот не е неговата иднина и објави пензија од овој спорт.

Момчето кое беше член на Б-тимот на Брентфорд имаше понуда од премиерлигашот за продолжение на соработката. Сепак, Бекам реши дека не сака повеќе да се бави со фудбалот и ја одби понудата.

На 22-годишна возраст Ромео Бекам се повлекува од фудбалот, а веќе ја знае својата иднина. Според информациите, тој ќе се посвети на манекенството, инспириран од својата мајка Вероника.

Пред Ромео, во 2015 година од фудбалот се откажа и највозрасниот син на Дејвид, Бруклин Бекам. Тој ја мина академијата на Арсенал, но не доби стипендија и се повлече.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани