Серхио Рамос е без клуб откако летово му истече договорот и се раздели со Севиља.
38-годишниот стопер имаше преговори со неколку клубови од Саудиска Арабија, имаше опции и во Шпанија, ама не успеа да се договори. И покрај тоа Рамос не сака да се откаже од фудбалот, па тренира индивидуално со цел да најде клуб во јануари.
По бројните проблеми на Реал Мадрид и завршената сезона за Едер Милитао и Дани Карвахал, се појави интересна шпекулација во Шпанија.
Според Шпанците, Рамос индиректно му се нуди на клубот во кој се прослави и ги мина најдобрите денови. Кога беше актуелно дека Реал размислува за заменик на Милитао, барем привремено, поранешниот стопер на „кралевите“ објави видео и напиша: „Се чувствувам силно“. Во Шпанија ова го протолкуваа како понуда до Реал да влезат во преговори за потпис.