Серија А ќе биде нова дестинација на Матс Хумелс?

by Стефан
1 минути читање

Ветеранот од редовите на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс во наредната сезона би можеле да го гледаме во Серија А.

Хумелс ја напушти Борусија Дортмунда и сега е во потрага по нов ангажман и според последните информации може да го пронајде во редовите на Болоња. 

Болоња имаше одлична сезона во која се избори за историски пласман во Лигата на шампионите, но летово тимот веројатно ќе претрпи големи промени. Тренерот Тијаго Мота веќе замина и го презема Јувентуис, а ќе има и фудбалери кои ќе го напуштат тимот.

Одличниот дефанзивец, Рикардо Калифиори е пред преселба во Арсенал и неговото место ќе треба да биде пополнето.

Хумелс играше на високо ниво во минатата сезона и собра 40 настапи за Борусија Дортмунд со која дојде и до финалето во Лигата на шампионите. Претходно неговоот име се поврзуваше и со актуелниот германски шампион, Баер Леверкузен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани