Серија А му даде суспензија на Тео Ернандез, а Милан парично го казни!

by riste
1 минути читање

Тео Ернандез нема по добро да го памети својот роденден на 6 октомври, кога со Милан загуби на гостувањето кај Фиорентина, а тој промаши пенал и доби црвен картон кој му беше доделен по крајот на мечот.

По крајот на натпреварот Тео Ернандез го навреди судијата кој му даде црвен картон. Денеска Серија А му изрече суспензија од два натпревари.

„Газета дело Спорт“ објави дека Милан преземал дисциплинска мерка против капитенот и решил да го казни парично поради неговото непримерно однесување на дуелот на стадионот „Артемио Франки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани