Репрезентацијата на Словенија за првпат во својата историја се пласираше во нокаут фазата на едно големо натпреварување.
Тимот предводен од Матијаж Кек го освои третото место во групата „Ц“ зад Англија и Данска, а пред Србија. Трите нерешени натпревари беа доволни за Словенија да биде помеѓу најдобрите четири третопласирани селекции и така да обезбеди место во нокаут фазата.
Селекторот Кек не крие дека е изненаден од успехот кој го постигнала неговата селекција.
„Не очекував да поминеме, но на теренот со играта докажавме дека заслужуваме место во следната фаза. Иравме против еден од фаворитите на првенството. Во текот на целиот ден се чувствував позитивно. Покажавме ментална сила. Ги анализиравме, но кога станавме пасивни имавме проблеми“.
„Горд сум на овој тим. Сите ја видовте енергијата која играчите ја добија од сите наши навивачи. Се радуваме, но и од утре веднаш се враќаме на тренинзите и припремите за следниот натпревар. Мислам дека ова е почеток на едно убаво време за словенскиот фудбал“, изјави Кек.