Се пензионира фудбалерот со најмногу настапи во историјата на репрезентацијата на Мексико

by Стефан
1 минути читање

Мексиканецот Хозе Андрес Гвардадо на 38 години става крај на фудбалската кариера и последниот натпревар би можел да го одигра за вкендот.

Неговиот сегашен клуб Леон го чека натпревар во кој ќе се обиде да обезбеди плеј-оф во мексиканското првенство. Во случај да не се избори за плеј-оф, Гвардадо ќе го одигра последниот натпревар во кариерата долга 19 години.

„Се надевам дека ќе се избориме за нокаут-фаза во пвенството и така барем уште малку подолго ќе потрае мојата кариера. Како и да е, дефинитивно завршувам со играњето фудбал по 19 години. Дали тоа ќе биде во натпреварот кој следи или нешто подоцна, ќе видиме“, изјави Гвардадо.

Гвардадо со 182 настапи е апсолутен рекордер во историјата на мексиканската репрезентација, а како фудбалер за врска успеа да постигне и 28 погодоци.

Во клупската кариера покрај сегашниот Леон каде што се врати оваа година настапуваше уште за: Депортиво Ла Коруња, Валенсија, Баер Леверкузен, ПСВ и Бетис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани