Според последната изјава на шефот на англиските судии, Хауард Веб, Манчестер јунајтед бил оштетен во натпреварот против Вест Хем.
Во натпреварот на 27 октомври Вест Хем го победи Манчестер јунајтед со 2:1, а по тој натпревар Ерик Тен Хаг доби отказ.
Одлучувачки момент на натпреварот беше пеналот кој по реакција од ВАР го досуди Дејвид Кут. Реализатор на најстрогата казна беше Џерод Боувен.
„Мислам дека ВАР таа ситуација погешно ја прочита. ВАР судиите веројатно се фокусираа на ногата на Де Лихт која оди кон Ингс, но не доаѓа во контакт со топката. Топката веќе помина покрај Де Лихт кога тој го има контактот со Ингс. ВАР тоа го гледа како јасен прекршок.
Мислам дека премногу беа фокусирани на тој аспект, но за мене тоа е ситуација која требаше да остане да ја одлучи судијата на теренот, каква и да е одлуката. Кога се ќе се собере и одземе, ќе повторам, тоа за мене не е панал“, изјави Веб.
The VAR for West Ham’s penalty vs Man Utd has been revealed.
— OLBG.com (@OLBG) November 13, 2024
Howard Webb commented saying he doesn’t believe a penalty should’ve been given. 😳
This was ten Hag’s final game in charge for United. Was he hard done by? 👇🏼
pic.twitter.com/hlsV988wut