315
Eкипата на Болоња денеска соопшти дека Тијаго Мота заминува од клубот со завршувањето на сезоната.
Мота го известил раководството за својата намера да не го продолжи договорот, а клубот му се заблагодари за се што направи во изминатиот период.
„Во овие две години ми беше чест што имавме подготвен и победнички тренер“, изјави претседателот на Болоња, Џои Сапуто.
Ќе потсетиме, Мота на Болоња и обезбеди историско учество во Лигата на шампионите. Кога е неговиот нов клуб во прашање тоа треба да биде Јувентус и се би требало наскоро да биде потврдено.