Се врати во ХНЛ, ја оживеа кариерата и се пак е дел од репрезентацијата на Хрватска

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ му упати претповик на Марко Пјаца.

Крилниот фудбалер кој се врати во ХНЛ минатото лето во Ријека, а ова лето направи трансфер и пак заигра за Динамо Загреб успеа да ја врати самодовербата и полека ја оживува кариерата. Пјаца по неуспешната авантура во Италија, реши дека е време за кам-бек во Хрватска и не погреши.

Веднаш почна да покажува добри партии и со тоа почна да добива повици во репрезентацијата. Пјаца беше дел од тимот на Европското првенство, меѓутоа не одигра ниту минута.

Сега повторно Далиќ реши да му укаже доверба и го повика за дуелите во Лигата на нациите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани