Своевремено беше најдобар играч на Италија, а сега не може да го достигне физичкото ниво на Премиер лигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Федерико Киеза своевремено важеше за еден од најдобрите фудбалери во Европа, а дефинитивно беше најзвучно име на Италија. Тој ги водеше „аѕурите“ до титулата на Европското првенство, па направи трансфер во Јувентус и добро тргна. Тогаш дојдоа проблемите со повреди, за летово целосно да отпадне од клупските планови.

Ливерпул го откупи Киеза за 12 милиони евра, со надеж дека ќе го врати оној стариот одличен крилен напаѓач. Сепак, Италијанецот никогаш не заигра исто по повредата на вкрстените лигаменти во 2022 година.

Досега во дресот на „црвените“ Киеза одигра само 78 минути, забележа една асистенција, а според најавите од Англија тој не може да се навикне на физичкиот дел во Премиер лигата. На оваа тема пред еден месец зборуваше и Арне Слот, кој кажа:

Доаѓа од Серија А, во која интензитатот е помал од Премиер лигата. Се бори за да го достигне нивото. Разочарувачки е да гледам како ги прескокнува нашите тренинзи“.

Според најавите, Ливерпул полека ги губи нервите со Киеза и веќе во јануари би бил отворен за да се реши од него. Постои можност да го испрати на позајмица, меѓутоа не е исклучен ниту трансфер ако дојде добра понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани