Англиската фудбалска репрезентација по Европското првенство се раздели со Герет Саутгејт кој си поднесе оставка.
По осумгодишна работа на клупата на „трите лава“ Саутгејт реши дека е време за промени. Тој беше еден од најкритикуваните селектори на светот, па можеби и тоа влијаеше на одлуката да се повлече. Сега со ладна глава, поранешниот селектор на Англичаните го потврди своето размислување.
„Беше вистинско време за промена. Сега гледате надеж, а тоа доаѓа со промената. Задоволен сум со тоа, осум години се долг период и среќен сум за следните предизвици. Тоа беше неверојатно патување, привилегија да работам со брилијантни играчи. Го посакував последното парче од сложувалкаа, ќе беше совршено ако победевме во финалето.
Сега со отворен ум ќе одам кон она што ми следи во фудбалот или надвор од него. Ќе одморам малку, а потоа ќе видиме. Не разговарам со премиерлигашите во овој момент. Сакам малку да уживам во животот и да ја вратам силата. Нема да брзам“, изјави Саутгејт.
Во моментов привремено решение за клупата е Ли Карсли, па останува да видиме како ќе се снајде и дали Англија ќе побрза да пронајде перманентен селектор.