Само тројца не се на продажба: Барселона мора да продава, ако сака засилувања

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Барселона успеа во својата намера и го убеди тренерот Чави Хернандез да остане на клупата и во следната сезона. Челниците на каталонскиот гигант веројатно му ветија на стручњакот и засилувања, меѓутоа за да го исполнат тоа ќе мора да продаваат фудбалери.

Според угледниот „Мундо Депортиво“, Барса нема проблем да продаде било кој фудбалер, ако пристигне посакувана понуда. Сепак, постојат три имиња кои се „недопирливи“. Станува збор за тројца поранешни членови на фудбалската школа Ла Масија, а тие се Гави, Ламин Јамал и Пау Кубарси.

Што се однесува до останатиот дел од тимот, секој од нив има цена. Иако според договорите голем дел од фудбалерите имаат огромни откупни клаузули кои никој не би ги платил, Барселона би продавала и ѕвезди ако пристигне посакувана понуда за нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани