126
Eкипите на Болоња и Аталанта вечерва ремизираа 1:1 во рамките од шестото коло во Серија А.
По првите 45 минути мрежите мируваа и не видовме погодоци. Само што започна второто полувреме ги видовме првите возбудувања.
Кастро во 46. минута постигна гол и донесе предност за Болоња, но само пет минути подоцна домаќините останаа со играч помалку по директниот црвен картон Лукуми.
Болоња имаше предност се до завршницата кога Лазар Самарџиќ постигна гол со одличен удар од далечина за 1:1.