278
Арсенал слави во дербито на 14. коло во Премиер лигата, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-0.
Вонредната рунда во англиската елита понуди многу возбудувања, а „топчиите“ го искористија киксот на водечкиот Ливерпул и намалија два бода од негативата, па сега се на „минус седум“.
Средбата на „Емирати“ домаќинот ја реши во свој стил со два гола по – два корнери. Уште еднаш Арсенал покажа дека е најопасен по удари од аголот, па двата погодоци пристигнаа на таков начин.
Првиот беше дело на Јуриен Тимбер кој со глава погоди во мрежата на Онана, додека вториот падна преку Вилиам Салиба кој погоди со задникот.
Во последниот термин победа забележи и Астон Вила против Брентфорд (3-1).