Eкс-фудбалерот на Барселона, Габриел Агбонлахор тврди дека Мохамед Салах ја игра последната сезона во дресот на Ливерпул, а според неговите зборови ќе продолжи во Саудиска Арабија каде што ќе добие и рекорден договор.
Во последните 12 месеци Салах се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија, а се пишуваше и дека Ливерпул одбил 100 милиони евра за Египќанецот.
Но, на крајот од оваа сезона неговиот договор завршува и во Ливерпул не би можеле ништо да направат. Агбонлахор повикувајќи се на свои извори најавува дека Салах во Саудиска Арабија ќе биде повеќе платен и од Кристијано Роналдо.
„Знам дека Салах заминува на крајот од сезоната. Мојот извор ми откри дека Салах дефинитивно наредното лето се сели во Саудиска Арабија за рекорден договор. Ќе заработува повеќе од Кристијано Роналдо, освен тоа ќе стане и заштитно лице за фудбалот во оваа земја. Не можете тоа да го одбиете ако сте Мо Салах. Со Ливерпул направи се, зарем не?. Ако сакаше да остане досега ќе потпишеше нов договор“, изјави поранешниот фудбалер за „талкСпорт“.