137
Аталанта победнички ја почна новата сезона, со убедливи 4-0 славеше на гостувањето во Лече, а во центарот на вниманието беа новите фудбалери на клубот од Бергамо, Марко Брешанини и Матео Ретуги.
Резултатот го отвори Брешанини со гол во 35. минута, а десет минути подоцна Ретуги даде гол за 2-0. Тоа беше резултатот од првиот дел.
Во второто полувреме беше променет редоследот на стрелците, Ретуги погоди во 57. минута за 3-0, а десет минути подоцна Брешанини ги постави конечните 4-0.