Румениге за „најжешката“ тема во европскиот фудбал: Фудбалерите сами си направија проблем

by Стефан
1 минути читање

Карл Хајнц Румениге, некогашниот германски репрезентативец и прв човек на Баерн Минхен се вклучи во една од најактуелните дискусии, а тоа е бројот на натпревари во сезоната.

Фудбалерите во изминатиот период се жалат на големиот број натпревари, тврдејќи дека тоа доведува до повреди и намалување на квалитетот на натпреварите, но Румениге тврди дека за таквата ситуација самите се виновни.

Посебно ги посочува фудбалерите од Англија кои се најгласни во коментарите.

„Фудбалерите од Англија најмногу се жалат, а таму го имаат луксузот на Лига Купот и Премиер лигата. Разбирам зошто има дискусија, но фудбалерите заедно со нивните агенти сами се доведоа во ваква ситуација со тоа што бараа поголеми плати и така ги принудуваа клубовите да остваруваат поголеми приходи.

Како клубовите доаѓаат до поголем приход? Со повеќе натпревари. Токму затоа велам дека треба да се седне на маса и сериозно да се разговара и анализа. Потребно е рационално да се размислува“, изјави Румениге.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани