176
Кристијано Роналдо вели дека тој самиот ќе си замине од репрезентацијата на Португалија кога ќе почувствува дека веќе не допринесува за националниот тим.
Роналдо се појави на подготовките на Португалија за мечевите од Лигата на нации, а беше дел и од прес-конференција на која зборуваше и за својата иднина.
„Кога ќе почувствувам дека не допринесувам повеќе, јас ќе бидам првиот кој ќе си замине, тоа е животот“, вели Роналдо.
„Сега сум среќен и чувствувам дека можам, за понатаму ќе видиме“.