Португалецот Кристијано Роналдо е познат како некој кој тешко прифаќа критики ,а тоа се покажа и по последната изјава на неговиот поранешен соиграч Рафаел Ван Дер Варт.
Ван Дер Варт го пофали Роналдо за неговата работна етика, но истовремено и го критикуваше тврдејќи дека е премногу себичен и дека го интересираат само неговите голови.
Со Ван Дер Варт Роналдо беше соиграч во неговата дебитантска сезона во Мадрид (2009/2010) пред Холанѓанецот да се пресели во Тотнем.
„Беше неверојатно себичен. Ако победевме 6-0, а тој не дал гол, не беше среќен, но кога ќе загубевме, а тој постигнеше два гола, тогаш сè беше во ред. Не играше само за себе, но му беше потребно да дава голови. И Руд ван Нистерлој беше ист“, гласеше изјавата на Ван Дер Варт која не му се допадна на Роналдо.
Португалецот не чекаше и долго да му одговори.
„Кој е овој човек“, коментираше Роналдо на објавената вест со изјавата на Ван Дер Варт.