Фудбалската репрезентација на Португалија го заврши настапот на Европското првенство откако загуби во четвртфиналето од Франција по пенали.
За неуспехот на португалската репрезентација новинарот Даниел Риоло виновен го гледа Кристијано Роналдо. Тој напиша дека ѕвездата била проблем за својот национален тим на ова првенство.
„Ми се допаѓа Португалија, тоа секогаш сум го зборувал. Имаат одлични играчи. Ме чуди што од 2016 година кога го освоија Европското првенство немаат подобри резултати. Разбирам дека Роналдо е легенда, но веќе со години не придонесува многу. Исто беше и сега. Португалија играше со 10 играчи. Пишував и претходно, не ми се допаѓа да го гледам ваков. Тој е легенда морате да го респектирате, но сега ја спречи Португалија да оди подалеку“, објасни Риоло.
Риоло на социјалните мрежи има преку 600.000 следбеници, па голем број луѓе ја видоа неговата порака.
За Кристијано Роналдо ова речиси сигурно беше последно Европско првенство, а самиот тој има желба да заигра на Светското за две години.