Роналдо: Денот кога нема да се чувствувам мотивиран, ќе се пензионирам!

by riste
1 минути читање

Кристијано Роналдо вчера даде два гола за Португалија во победата над Полска од 5-1, вториот негов погодок беше спектакуларен, со ножички како во најдобрите времиња.

Роналдо веќе има 910 голови во кариерата, може да стане првиот фудбалер во историјата кој стигнал до бројката од 1.000 погодоци, но вели дека не размислува на тоа.

„Не ни размислувам на тој рекорд од 1.000 голови во кариерата, да бидам фер. Се разбира дека секогаш сакате да креирате историја, но не се фокусирам на тој рекорд сега“, рече Роналдо.

Кристијано вели дека не знае кога точно ќе се пензионира.

„Сакам само да уживам. План за пензија… не знам кога ќе се случи, за година, две… не знам. Наскоро полнам 40… навистина уживам и додека се чувствувам мотивиран ќе продолжам. Денот кога нема да се чувствувам мотивиран, ќе се пензионирам“.

Роналдо заедно со Бруно Фернандеш, Педро Нето и Бернардо Силва се враќаат во своите клубови откако ја остварија целта, Португалија се квалификува во четвртфиналето на Лигата на нации, па тие добија поштеда и нема да бидат дел од последниот меч од групната фаза во ова натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани