Роналдињо: Нема да гледам ниту еден меч на Бразил, нема да славам ниту една победа!

by riste
1 минути читање

Бразилската фудбалска легенда, Роналдињо ги изненади сите со изјава дека нема да гледа ниту еден меч на својата земја на Копа Америка, не му се допаѓа тоа што се случува во репрезентацијата.

Роналдињо го врти грбот на репрезентација до неопределено време.

„Тоа е момци, нема да гледам ниту еден меч на Бразил на Копа Америка, нема да славам ниту една понуда. Доста ми е. Ова е тажен момент за оние кои го сакаат бразилскиот фудбал. Тешко е сега да се најде дух да се гледаат натпреварите. Ова ни е една од најлошите селекции во изминатите години, нема почитувани лидери, само просечни фудбалери. Никогаш не сум видел ситуација лоша како оваа. Недостаток на љубов кон бразилскиот дрес и недостаток на фудбал. Нашите перформанси се едни од најлошите кои сум ги видел, голема штета“, напиша Роналдињо на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани