Натпреварот меѓу Романија и Косово резултира со службена победа на домашниот тим во Букурешт, откако гостинските фудбалери се повлекоа од мечот поради провокации од трибините.
Одлуката на крајот беше службена победа за Романците (3-0) која не ѝ одговараше на Македонија во битката за мундијалски бараж преку Лигата на нациите.
Сега Романците преку сојузот се жалат за косовските фудбалери, најавувајќи тужба пред Судот за спортска арбитража во Лозана.
„Фудбалскиот сојуз на Романија најавува дека ќе се жали на Судот за спортска арбитража за одлуката на УЕФА околу инцидентот на мечот против Косово на 15 ноември. Натпреварот не беше завршен на теренот, откако гостинскиот тим одби да се игра со помалку од две минути до крајот. Судијата мораше да свири крај на мечот поради чекањето повеќе од еден час, во чиј тек романскиот тим остана на теренот.
Фудбалскиот сојуз на Романија нагласува дека навивачите имаа цивилизирано однесување во текот на мечот, а на крајот беа испровоцирани. Со овој пристап сакаме да го заштитиме имиџот на романскиот фудбал“, напишаа од федерацијата“, напишаа од федерацијата.
Исто така се обрати и првиот човек на романскиот фудбал.
„Косово го прекрши најважниот принцип во фудбалот, а тоа е дека натпреварите се играат на теренот. И покрај тоа, репрезентацијата не беше казнета. Наместо тоа добивме парични санкции кои ги сметаме превисоки“, изјави претседателот на сојузот Разван Бурлеану.