Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Шпанецот Родри најави дека фудбалерите се блиску да донесат одлука за штрајк поради зголемениот број на натпревари, посебно во Лигата на шампионите која се игра во нов формат.
Дефанзивниот играч за врска зборуваше на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар на Манчестер Сити против Интер.
„Ако прашате било кој играч ќе ви го каже истото. Тоа е општо мислење помеѓу играчите, не само мое мислење. Ако вака продолжи нема да имаме друг избор“, изјави Родри.
Синдикатот на фудбалерите (ФИФПро) неодамна повика на заштита за играчите кои се под голем притисок поради додавањето на натпревари.
„Мораме да се грижиме за себе…ако луѓето сакаат да гледаат подобар фудбал, мораме да одмориме. Со други зборови, ако се зголемува бројот на натпревари, квалитетот опаѓа“, изјави Родри.