Родри на патерици пристигна по „Златната топка“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот фудбалер за врска од редовите на Манчестер Сити, Родри најверојатно е добитникот на „Златната топка“ која ќе биде доделена вечерва во Париз.

Се до попладнево Винисиус Жуниор важеше за прв фаовирт, но како што стојат работите Родри кој го освои Европското првенство и беше проггласен за МВП на турнирот во Германија победил во трката.

Родри во овој период е на рехабилитација од тешката повреда и нема да игра фудбал до крајот на сезоната, па така вечерва во Париз пристигна на патерици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани