Ришарлисон ги одби Саудијците: Парите се големи, но моите соништа се поголеми!

by riste
1 минути читање

Напаѓачот на Тотнем, Ришарлисон потврди дека одбил понуда од Саудиска Арабија затоа што сака да игра за бразилската репрезентација и во Премиерлигата.

Во изминатиот период се шпекулираше дека Ришарлисон би можел да направи трансфер во Саудиска Арабија, но тоа нема да се случи.

„Точно е, имаше понуда од Саудиска Арабија, но мојот сон е да играм за бразилската репрезентација и во Премиерлигата“, вели Ришарлисон.

„Парите се големи, но моите соништа се поголеми“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани