Ристовски и Адеми ќе добијат нов тренер во Динамо по дебаклот во Минхен?

by 24 фудбал
1 минути читање

Динамо Загреб беше декласиран со 9-2 на гостувањето кај Баерн Минхен во првото коло од Лигата на шампионите.

Хрватските медиуми пишуваат дека тоа може да резултира со отказ за тренерот Сергеј Јакировиќ. 47-годишниот стратег вршеше добра работа на клупата, меѓутоа срамниот пораз му ја „здрма“ клупата.

Веќе се споменуваат и потенцијални замени за Јакировиќ. На клупата на Динамо повторно би можеле да седнат Ненад Бјелица или Нико Ковач. Покрај нив, се споменуваат уште Шопиќ и Чорлука, меѓутоа одлуката би паднала при отказ за сегашниот тренер.

Поразот на „Алијанц Арената“ може да доведе до тренерска смена за Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани