Ривер ѝ врачи отказ на аргентинската легенда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Аргентинскиот великан Ривер Плата ќе ја продолжи сезоната со нов тренер, откако се раздели со Мартин Демикелис.

Легендата на аргентинскиот фудбал по година и половина на оваа позиција повеќе нема да биде прв тренер на Ривер. Одлуката е на челниците со цел да се излезе од резултатската криза и нишалка во која е клубот во претходните месеци.

Демикелис кој има 43 години седна на клупата на Ривер Плата во ноември 2022. Оттогаш го водеше тимот на 86 натпревари, забележа 51 победа, 18 ремија и 17 порази. Со клубот минатата сезона Демикелис беше првак на Аргентина, а го освои и Трофео де кампеонес и Суперкупот на оваа земја.

Натпреварот против Сармиенто в недела ќе му биде последен на Мартин Демикелис на клупата на Ривер Плата, клуб за кој настапуваше и како играч пред да замине во Баерн Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани