Ремито доволно за Хрватска, но не и за Србија: Едните во четвртфинале, а едните во бараж за опстанок (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Хрватска си ја исполни целта, ремизира со Португалија во Сплит (1-1) и се пласира на завршниот турнир во Лигата на нациите.

Токму тоа им беше потребно на Хрватите, да останат непоразени и да зависат самите од себе во битката за втората позиција. Поради својот резултат момците на Далиќ не зависеа од Шкотска која победи во Полска (1-2). Околу средбата на „Пољуд“, Португалците поведоа со голот на Жоао Феликс во 33 минута, а потоа Јошко Гвардиол израмни во вториот дел.

Спротивно од Хрватска, на Србија не ѝ беше доволно реми, па мечот без голови (0-0) против Данска во Лесковац беше рамен на пораз за нашиот сосед. Србите не успеаја да го скршат отпорот на гостите кои одиграа сигурно и се пласираа во четвртфинале, испраќајќи го домаќинот во бараж за опстанок во Лига А.

Шпанците во истата група завршија со триумф (3-2) против Швајцарија, иако играа практично со втор тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани