Реми без голови на Чиле и Перу во „фајтерскиот“ старт на Копа Америка (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентациите на Чиле и Перу одиграа нерешено без голови (0-0) во првото коло од групата А на Копа Америка.

Дуелот на стадионот во Арлингтон не понуди којзнае колку возбудувања за навивачите, но затоа се играше во „фајтерски“ стил со многу прекини. Дури 37 прекршоци беа досудени од страна на главниот арбитар на овој натпревар.

Чилеанците беа за нијанса подобар ривал на теренот, а најдобрата шанса ја имаше Алексис Санчез. Се разбуди и Перу, се обиде да креира гол, ама не беше лесно да се пробие дефанзивата.

Во следното коло Чиле ќе се судри со Аргентина, додека Перу игра против Канада.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани