Еден од најдобрите играчи на Милан оваа сезона Тијани Реијндерс преговара за продолжување на соработката.
Холанѓанецот има договор до 2028 година, ама клубот сака да го награди за одличните партии. Тој во моментов добива околу 1,5 милиони евра плата, но истата ќе биде драстично зголемена за речиси трипати. Се споменува дека Реијндерс ќе добие преку четири милиони евра според новиот договор.
„Разговараме за продолжување на договорот, но не смеам да откријам повеќе ништо. Како и да е, се гледам себеси во Милан и на 30 години. Ова е еден од најубавите клубови на светот и чест ми е да играм за него. За мене да го носам бројот на Јохан Кројф (14) е нешто многу посебно и многу сум среќен во Милан“, откри Реијндерс.
Освен за потенцијалниот нов договор, Реијндерс доби прашање за трката за титулата во Италија.
„Скудето? Не е толку доцна за нас. Доста клубови се во неколку бодови, а ние напредуваме како тим и работите ќе се поправат. Верувам во нас и верувам дека против Јувентус ќе бидеме вистинските“, заврши холандскиот играч за врска.
По репрезентативната пауза Милан е домаќин на Јувентус на „Сан Сиро“.