223
Баер Леверкузен се обидуваше да го доведе Арда Ѓулер од Реал Мадрид барем на позајмица за следната сезона.
Сепак, „кралскиот“ клуб ја одби желбата на својата легенда Чаби Алонсо и нема да го пушти младиот Турчин во Германија. Според најавите, Реал сериозно ќе смета на Ѓулер во следната сезона, а особено по одличните настапи на Европското првенство со Турција.
Ѓулер минатото лето пристигна во Реал Мадрид од Фенербахче како најголем турски „дијамант“. Иако имаше проблеми со повреда, во финишот на сезоната покажа што знае и почна да добива минути од Анчелоти.
Конкуренцијата во офанзивата на Реал Мадрид е пеколна, меѓутоа има доста натпревари во сезоната и Ѓулер ќе добие своја минутажа.