Распад во Јунајтед: Антони го нарекол Тен Хаг „ќелава јајчеста глава“!

by riste
1 минути читање

Работите на Олд Трафорд се одвиваат од лошо кон полошо, резултатите се очајни, а атмосферата во соблекувалната се чини дека е катастрофална.

Поразот од 4-0 од Кристал Палас дополнително го разниша тимот, а до крајот на сезоната му престојат уште четири тешки натпревари, противници се Арсенал, Њукасл и Брајтон во Премиерлигата и Манчестер Сити во финалето од ФА Купот.

Последните информации зборуваат за инцидент во Јунајтед по кој последици може да има Антони.

Имено, во групна порака составена само од фудбалерите на Манчестер јунајтед, Антони го нарекол Тен Хаг „ќелава јајчеста глава“.

Меѓу фудбалерите на Јунајтед имало и издајник кој направил „принт-скрин“ од пораката и му ја покажал на Тен Хаг.

Се претпоставува дека Антони ќе добие суспензија од Тен Хаг до крајот на сезоната и нема да настапи на следните дуели.

Од друга страна пак тимот на Јунајтед се соочува со голем број на повредени фудбалери, па една интерна суспензија само дополнително ќе го намали изборот на играчи во финишот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани