197
Како што стојат работите, Ливерпул ќе остане без потписот на Мартин Зубаменди од Реал Сосиедад.
Според последните информации од медиумите, фудбалерот ја одбил понудата и ги прекинал преговорите со „црвените“.
Така, Сосиедад најверојатно ќе успее да го задржи Зубаменди кој би бил еден од клучните играчи за новата сезона. Освен тоа се најавува и дека наскоро ќе стави потпис на нов договор.
За својата одлука, Зубаменди веќе го известил и спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз.