175
Eкипата на Работнички попладнево потврди две засилувања и во Дебар Маало пристигнуваат Стефан Лазаревиќ кој досега го носеше дресот на Силекс и Грузиецот, Лука Робакидзе од Брегалница.
Во минатото Лазаревиќ го носеше уште дресот на Македонија Ѓорче Петров со која освои и две куп титули, а беше дел и од Вардар.
Робакидзе пак беше дел од Самтредиа, а има искуство и со играње во Чешка во тимот на Силон Таборско.