Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана работилница за „Заштита на интегритетот и борбата против местењето на натпреварите”.
Во првиот дел од семинарот се разговараше за вредностите на фудбалската игра, проблемот со местењето на натпреварите, негово брзо откривање, безбедноста и заштитата на интегритетот, како и потребата на Уефа за заштитата од местењето на натпреварите.
Во вториот дел од семинарот беше презентиратана постапката и процесирањето на недозволените влијанија за заштитата на интегритетот на натпреварите и натпреварувањето.
Презентациите на работниот состанок беа спроведени од Роберт Марковиќ (раководител на одделот за безбедност и интегритет и Евгенија Милиновиќ (менаџер за меѓународен фудбал и развој).
Роберт Марковиќ, раководител на оддел за безбедност и интегритет при ФФМ.
„Пошироката јавност треба да биде запознаена и добро информирана за местењето на натпреварите, односно дека тоа се кривични дејствија кои го прават криминалците. Најбитното и суштинско е борбата против местењето на натпреварите на сите засегнати страни во спортот генерално, а посебно на фудбалската игра.
Интегритетот претставува обврска спрема сопствените морални вредности и должности, начин на однесување, чесност и беспрекорност. Додека поимот местење на натпревари е манипулација со резултат на натпревар, а се со една цел, да се добијат големи суми пари со обложување.
Клубовите од домашното првенство треба секогаш да имаат тесна соработка со ФФМ, што се однесува до овој тип на криминал. Главната цел на Фудбалската федерација на Македонија е подигнувањето на нивото на свеснот на сите чинители во фубалот. (фудбалери, тренери, судии, управи на клубови и службени лица)“, изјави Марковиќ.