147
Јувентус и Адриен Рабио не се договорија за продолжување на соработката, францускиот фудбалер е на трансфер пазарот како слободен играч.
Јувентус денеска и официјално потврди дека Рабио заминува како слободен играч откако неговиот договор му истече.
Клубот му понуди нов со годишна плата од 7 милиони евра, но Рабио го одби.
Тој во моментов е во разговори со други клубови, но уште е нејасно каде ќе ја продолжи кариерата.