ПСЖ четири пати ја тресеше рамката од голот, но Дортмунд победи и во Париз за финале во ЛШ! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд се пласираше во финале во Лигата на шампиони, избраниците на Терзиќ со 0-1 славеа и на гостувањето во Париз.

Борусија Дортмунд го елиминираше ПСЖ и си обезбеди билет за Вембли, „милионерите“ одолеаја на сите напади и успеаја со 0-1 да победат на „Паркот на принцовите“.

Матс Хумелс највиско скокна по еден корнер и со глава ја затресе мрежата за 0-1 во 50. минута од мечот.

„Светците“ силно притискаа, особено по примениот гол, дури четири пати ја тресеа рамката од голот, Заир Емeри и Мендеш ја погодија стативата, додека пак Мбапе и Витиња ја погодија пречката.

Гонсало Рамош исто така имаше добри прилики, но Кобел не дозволи да биде совладан, па Борусија Дортмунд се пласираше во финале во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани