Пари Сен Жермен ја бара замената за Килиан Мбапе, а можеби ја гледа во Манчестер Јунајтед.
Се работи за „заборавениот“ Џејдон Санчо, играчот кој не е во добри односи со Ерик Тен Хаг и минатата сезона беше позајмен во Борусија Дортмунд. „Милионерите“ не го откупија, па тој се врати во Манчестер и се подготвува за следната сезона со соиграчите.
ПСЖ би сакал да го види Санчо во својот напад бидејќи работата со Виктор Осимен се оддолжи. Според француските медиуми парижани веќе воспоставиле контакт со Јунајтед за услугите на Санчо. Сепак, за тој трансфер да се исполни францускиот првак треба да издвои 50 милиони евра.
Манчестер Јунајтед во 2021 година го купи Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра, па сака да врати дел од вложените средства.