ПСЖ добива конкуренција, Саудијци купуваат осумкратен француски првак?

by 24 фудбал
1 минути читање

Во последните години фудбалот во Франција е насочен главно кон ПСЖ, кој од влегувањето на катарскиот инвестициски фонд во 2011 година и оттогаш освои десет првенствени трофеи.

Сепак, се најавува дека работите во Франција може да се сменат. Французите пишуваат дека постои можност Монако да добие нови сопственици од Саудиска Арабија. Се работи за инвестициски фонд од оваа земја, а „Л’Екип“ пишува дека преговорите напредуваат одлично.

Веќе некое време Монако е на продажба, а Саудијците се сериозно заинтересирани за да го купат клубот од кнежевството. Се верува дека на чело на проектот ќе застане Луис Кампос кој во моментов работи како стратегист во ПСЖ, но би добил нова улога.

59-годишниот Португалец би добил улога претседател на Монако по продажбата на клубот на Саудијците.

Доколку се исполнат најавите, може да дојде до промени на тежиштето меѓу фаворитите во францускиот фудбал. Монако со саудиските милиони би можел да му се спротивстави на ПСЖ во следните сезони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани