148
Шпанскиот голман Давид Де Хеа сè уште не може да најде нов клуб откако му заврши договорот со Манчестер Јунајтед.
Веќе два преодни рокови, Де Хеа е поврзуван со различни европски тимови, а ова лето се очекуваше дека ќе се пресели во италијанската Џенова. Сепак, последните информации од Италија укажуваат дека и овој трансфер пропаднал, па Де Хеа останува слободен агент.
Причината за неуспехот на трансферот биле високите барања на голманот, што довело до тоа управата на Џенова да ги стопира преговорите, иако почетните преговори биле успешни. Де Хеа помина 12 сезони со Манчестер Јунајтед, при што забележа 415 настапи за клубот.