159
Екипата на Интер вчера остана без победа во рамките од првото коло во Серија А одигрувајќи 2:2, а во завршницата од овој натпревар се истакна и Португалецот Витиња.
24-годишниот фудбалер кој во Џенова играше и минатата сезона како позајмен фудбалер од Марсеј, а летово Италијанците го откупија неговиот договор за 16 милиони евра покажа дека се работи за одличен дриблер.
Во завршницата од средбата Витиња направи сериозни проблеми на одбраната на „нероаѕурите“ кога тргна од центарот и си поигра со неколку противнички фудбалери.