Барселона и понатаму се соочува со финансиски проблеми и не може во целост да се опорави, а според последните информации клубот мора брзо да реагира ако сака да ги има Дани Олмо и Пау Виктор во вториот дел од сезоната.
Имено, поранешниот фудбалер на Динамо Загреб пристигна во Барселона летово во трансфер вреден околу 60 милиони евра, но ги пропушти првите неколку кола затоа што каталонскиот гигант не можеше да го регистрира.
Барселона подоцна ја искористи ситуацијата со повредените Роналдо Араујо и Андреас Кристенсен и нив ги регистрираше на 80% од платата бидејќи така дозволуваат правилата во Ла Лига со повредени фудбалери.
Но, во моментот кога тие ќе се вратат Барелона ќе треба да ннајде околу 50 милиони евра за да може да ги регистрира Олмо и Пау Виктор. Оваа сума каталонскиот гигант ќе треба да ја има до крајот на годината за да може да смета на двајцата од стартот на вториот дел од сезоната.